НЕМА 100 НОВИ ЗГРАДИ ВО КАРПОШ
- декември 26, 2019
- 0
Не е точна информацијата дека во Карпош ќе се градат нови 100 згради, која ја пласираше советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, во рамки на денешната седница на Советот на Општината, на која се расправа за Предлог – Буџетот за 2020 година. Јаревски искочи со истите неосновани обвинувања и во октомври 2018 година, за што јавноста е сведок дека се лажни.
Урбаното јадро на Карпош веќе претрпе штета од насилната и агресивна урбанизација која се случи во минатото, затоа пред две години, целосно се промени начинот на развој и урбанизација на Општината.
- Завршено е времето кога ДУП-ови се носеа на сила, а маркици се вцртуваа во интерес на урбаната мафија –рече Богоев.
Како што зборувавме и претходно, Општина Карпош ќе продолжи да се развива по периферните делови, кај касарната „Илинден“. Токму за потегот околу касарна „Илинден“, при крајот на минатата година беше донесен и нов ДУП, едногласно од страна на сите советнички групи.
Инаку, таксата за уредување на градежно земјиште т.н. „комуналии“ се прибира и од изградба на куќи и деловни објекти, а не единствено од изградба на станбени згради.
Изминатиов период сведоци сме на голем број на лажни вести во сферата на урбанистичкото планирање. Ги охрабруваме граѓаните и претставниците на медиумите да ги проверуваат информациите. Општината е достапна за соработка со сите страни.