НАСКОРО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПЛОЧНИКОТ ВО ПОРТА ВЛАЕ
- јуни 23, 2020
- 0
Во завршна фаза е подготовката на основен проект за партерно уредување – реконструкција на пешачка зона на станбено – деловниот комплекс Порта Влае.
По повеќе децении, конечно ќе започне обновата на плочникот кој се простира на површина од околу 13.500 квадратни метри.
Реконструцијата ќе се одвива во неколку фази, а по стартот градежните активности ќе се изведуваат во континуитет.
Покрај замената на горниот дел (плочникот), ќе се направи и целосна обнова на хидроизолацијата, со цел да се спречи протекување на вода во подрумските или гаражните делови.
Овој плочник повеќе години е руиниран, иако претставува центар за движење и комуникација на повеќето граѓани кои живеат во Порта Влае, но и во околните населби. Постоењето на повеќе угостителски објекти и мали бизниси придонесува за зголемена фреквенција на плочникот, со што потребата за негова обнова е повеќе од потребна.
Градежните активности се очекува да започнат на почетокот на есента.