По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”.
Право на учество имаат сите ученици од 1-9 одделение од основните општински училишта на територија на Општина Карпош.
 
КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ?
Пријавете се во своја лична творба кај Училишната комисија во Вашето училиште. Секоја литературна творба потребно е да има само ШИФРА позната само на ученикот (без име и презиме на ученикот, одделение и училиште)
Училишната комисија ги доставува литературните творби до Комисија за наградување на литературни творби при Општина Карпош, најдоцна до 18.10.2024 преку Архива на Општина Карпош
Наградените ученици од одделенска и од предметна настава ќе бидат наградени на посебен настан по повод Деновите на Општина Карпош.
Наградниот фонд се состои од парични награди за одделенска и за предметна настава поединечно во висина на: 1 место – 10.000 денари, 2 место – 6.000 денари , 3 место – 4.000 денари
 
Линк до Огласот 👉 https://bit.ly/4ePBfjM