Во моментов  Противпожарната служба на Град Скопје на повик на Секторот Инспекторат од Општина Карпош, интервенира на т.н локалитет „Агромеханика“ во населбата Злокуќани. Станува збор за помал пожар кој најверојатно е подметнат од страна на несовесни граѓани, за кој, по брзата интервенцијата на Противпожарната бригада истиот е ставен под контрола и е изгаснат. Инаку, локацијата која е опожарена се наоѓа во приватна сопственост, при што правниот субјект е задолжен од инспекциските служби на Општина Карпош да го загради  просторот во свои рамки.