МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА КОМУНИКАЦИЈА СО ОПШТИНАТА
- септември 20, 2018
- 0
Општина Карпош ќе биде меѓу единствените локални самоуправи која ќе има мобилна апликација, достапна за корисниците на IOS и Android, за пријавување на проблеми, давање на препораки и идејни решенија на територија на Карпош.
Апликацијата ќе биде достапна од октомври, а е подготвена од страна на организацијата Блинк 42 – 21 чии претставници денеска одржаа презентација за функционирање на апликацијата, пред претседателот на Совет, Андреј Манолев, како и пред дел од членовите на Советот.
На овој начин се зголемува и достапноста и транспарентноста на локалната самоуправа, а се обезбедува уште еден канал за комуникација со сите граѓани.