МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА ЗА ИСТРАЖУВАЧКА НАСТАВА ВО КАРПОШ
- септември 4, 2025
- 0
Денеска во кабинетот на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Креативниот центар Карпош и Универзитетот Бар-Илан од Израел за реализација на меѓународна работилница под наслов: „ Promoting 21st Century Skills through Inquiry-Based Teaching on Sustainability and Food Security in Internatiinal Learning Environments (ILE)“. Оваа програма е наменета за околу 15 наставници по природни науки од основните училишта во Карпош. Целта е наставниците да развијат современи методи за истражувачко предавање и да ги пренесат овие пристапи во училниците користејќи едноставни и достапни материјали.
Работилниците ќе ги водат професори и истражувачи од Универзитетот Бар-Илан, преку комбинација од онлајн и присутни сесии. Наставниците ќе работат на практични екперименти поврзани со одржливост и безбедност, а преку Рефлексивен дневник на учење ќе ја следат својата професионална надградба.
Општина Карпош ќе обезбеди административна и логистичка поддршка, додека Креативен Центар Карпош ќе биде главен координатор на активностите во Македонија. Исто така, Универзитетот Бар-Илан ќе обезбеди академско водство и ќе издаде сертификати за учесниците.
Со оваа соработка, партнерите се обврзуваат да развиваат идни програми, размена на наставници и ученици, како и заедничко аплицирање за меѓународни фондови.
Овој проект претставува значаен чекор,во унапредувањето на наставата по природни науки и зајакнувањето на критичкото размислување, креативноста и соработката кај младите младите генерации.