Меморијалниот турнир во мал фудбал, кој е традиционален и кој се одржува оваа година по 20-ти пат, официјално започна на први септември и ќе трае до 28 септември, во рамки  на спортското игралиште на ООУ ,,Христијан Тодоровски Карпош”.  На јубилејниот турнир ,,Оливер Соколов-Сокол”, пријавени се 40 екипи, кои ќе се натпреваруваат во осум групи од по пет екипи групна фаза.

                Вкупниот награден фонд изнесува 1.2 милиони денари, а првата награда е 500.000 денари. Општина Карпош финансиски го поддржува турнирот, а оваа година од општинскиот буџет издвоени за оваа намена се 300.000 денари.