Екипите од општина Карпош задолжени за одржување на јавната хигиена, во текот на вчерашниот ден реализираа тековни активности за расчистување на околината на повеќе локации низ Карпош. Имено, фокусот беше насочен кон населбата Бардовци, каде општинските екипи го собираа комуналниот отпад, органскиот смет (гранки лисја и сл.) а на неколку места интервенираа на подигнување на паднати дрвја. Во текот на целиот ден, службите од Карпош го чистеа теренот отстранувајќи ги паднатите дрвја во населбите Бардовци, Жданец и УЗ „Владо Тасевски“ (кај Млечен). Со истата динамика екипите од Карпош ќе продолжат да го чистат теренот, со цел подигнување на нивото на хигиена и одржување на здравата животна средина.