Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски и официјално,, и ги предаде клучевите” на директорката на градинката,, Мајски Цвет”, од монтажната времена барака на локалната самоуправа, во која привремено околу шеесет денови ќе бидат сместени дечињата од оваа детска градинка, додека се прави новиот објект во населбата Тафталиџе 1. -Директорката и вработените во оваа градинка ќе управуваат со овој објект, кој го адаптиравме за прием на дечињата и нивен дневен престој, додека им ја изградиме за околу два месеци новаата градинка по сите еколошки стандарди. Потоа, ќе следува изградба на нов објект на градинката,, Пролет “, попозната како,, Пролет – Канела”, и исто така, децата ќе бидат привремено сместени во овие општински објекти додека се гради и нивната нова градинка, нагласи првиот човек на Општината Стевчо Јакимовски.

Општинскиот татко, исто така потенцираше дека по завршување на привремениот прием на децата од градинките кои целосно ќе се градат по нови стандарди, Советот на Општина Карпош е тој што ќе одлучи за што во иднина ќе бидат ползвани овие два објекти, но според неговата визија, Јакимовски истакна дека општинската барака 1 би можела да биде дополнителен објект на градинката,, Орце Николов”, која се наоѓа веднаш во непосредна близина на објектот, додека општинската барака 2,би требало да биде дел отстапен за користење на архивата на Општина Карпош, додека другиот дел да се оспособи за простории за културно – уметничкото друштво ,,Цветан Димов”, кое оваа година, прославува 51-годишнина од своето постоење.