ЛУКРОВСКИ ГИ ПРЕЧЕКА КОЛЕДАРИТЕ ОД КАРПОШ
- јануари 6, 2026
- 0
Со веселите звуци на Божиќната песна која денеска одекна во просториите на административната зграда на Општина Карпош, младите коледари го поздравија градоначалникот Сотир Лукровски, кој во име на локалната самоуправа срдечно ја пречека Бадниковата поворка. Во среќните очи на малите коледарчиња можеше да се забележи радоста која ја носат во себе, непосредно пренесувајќи ги нивните пораки за мир, соживот и благосостојба. Градоначалникот поразговара со младите карпошани, при што им упати искрена благодарност за денешната посета и им посака претстојните празници да ги поминат во здравје, слога и заедништво во кругот на своето семејство. Во духот на празниците, првиот човек на општината им подели на дечињата пригодни коледарски дарови. Во овој контекст, градоначалникот Лукровски напомена дека е особено горд што токму младите ја негуваат традицијата и народните обичаи и на тој начин го одржуваат нашето културно наследство. Инаку годинава, Бадниковите поворки кои претставуваат една од најголемите народни манифестации, се одржуваат во рекордни 80 градови и населени места низ Македонија. Во таа насока, централната Бадникова поворка во Скопје ќе обедини учесници од речиси сите скопски општини, кои заедно со нивните градоначалници активно учествуваат во реализација на оваа манифестација.









