ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО КАРПОШ ЌЕ ЗАПОЧНАТ ВО ФЕР И ДЕМОКРАТСКА АТМОСФЕРА
- септември 26, 2025
- 0
Во организација на Општинската изборна комисија, тројцата од петтемина кандидати за градоначалници на општина Карпош кои ќе учествуваат на претстојните локални избори, Стевчо Јакимовски, Маја Мојсова – Мијовска и Невена Георгиевска, денеска потпишаа Кодекс за фер и демократски избори. Со потпишување на овој Кодекс, потписниците се обврзаа и ветија дека ќе се придржуваат и активно ќе го промовираат кодексот како етички чин кој ќе го почитуваат при своите настапи во изборниот процес.
Кодексот за фер и демократски избори е потврда за демократскиот капацитет на сите учесници во изборите, за демократскиот развој на нашето општество но и можност сите заедно да се придржуваат кон демократските принципи. Преку потпишувањето на овој Кодекс, потписниците испраќаат порака до јавноста за фер и демократско однесување, почитување на сите закони, правила и прописи и почитување на владеењето на правото при организирање и спроведување на изборниот процес.