Во организација на Европското движење во Република Македонија, во соработка со општина Аеродром, се одржа ликовна изложба на тема „Училиштето во иднина“. Изложбата која беше посветена на „Денот на Европа – 9 мај“,  беше поставена  во Т.Ц. „Капитол Мол“ и на неа беа изложени уметничките дела на дел од основците и дечињата од градинките од  Аеродром и Карпош.

Со своите ликовни дела на неа се претставија ученици од три училишта и дечиња од четири градинки од Карпош, коишто стекнаа најмногу награди од учесниците на натпреварот.

Заменик раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес при локалната самоуправа, Гордана Зафировска ги додели признаниата на карпошовите таленти и им посака среќа и успех во понатамошното учествување на натпревари.

Признание за освоено прво место на ликовниот натпревар од основните училишта:

Саша Стоименов и Јана Христовска од ООУ „Јан Амос Коменски“,

Признание за освоено второ место на ликовен натпревар од основните училишта:

Тамара Петкова од ООУ „Јан Амос Коменски“,

 

Признание за освоено трето место на ликовен натпревар од основните училишта:

Огнен Бошковски од ООУ „Јан Амос Коменски“.

 

Признание за освоено прво место на ликовен натпревар од градинките:

Сара Начева од ЈОУДГ „Мајски Цвет“,

 

Признание за освоено второ место на ликовен натпревар од градинките:

Ана Божиновска од ЈОУДГ „Орце Николов“,

 

Признание за освоено трето место на ликовен натпревар од градинките:

Елена Василевска од ЈОУДГ „Распеана Младост“.