,, ЛЕБ И СОЛ” ГО ЗАТВОРИЈА ЈУБИЛЕЈНОТО КАРПОШОВО КУЛТУРНО ЛЕТО
- август 28, 2024
- 0
Со спектакуларен настап на легендарната група ,, Леб и сол”, официјално заврши овогодинешното јубилејно Карпошово културно лето. Сегашниот состав на рок групата, Михаил Парушев, Бодан Арсовски, Димитар Мичо Божиков и Кокан Димушевски, приредија незаборавна вечер со својот концерт на кој многубројната публика вистински се препуштија на добро познатите звуци од инструментите, кои овие луѓе со леснотија и љубов ги отсвирија. Пред рок групата, свој необичен настап имаа тројцата познати оперски пеачи ,, Трио Џентлмен”, кои беа вистинско освежување за карпошани. Седумдневните настани, и оваа година го загреаа и така топлото лето во Карпош. Јубилејното 15то Карпошово културно лето, со низа музички и културни настапи, карпошани имаа можност да се забавуваат и дружат на еден поинаков начин.