„ЛАЈКА“ ГИ ИНТЕНЗИВИРА СВОИТЕ АКТИВНОСТИ ВО КАРПОШ
- април 7, 2026
- 0
Денеска, градоначалникот Сотир Лукровски оствари работна средба со директорот на ЈП „Лајка“, Војислав Димитровски. Целта на денешната средба беше утврдување на планот и динамика за спроведување на идните активности на ЈП „Лајка“ на цела територија на општина Карпош, откако состојбата со зголемениот број на бездомни кучиња во општината стана алармантна.
Лукровски и Димитровски ја искажаа својата свесност и посветеност кон решавање на овој проблем и во таа насока, се договорија за заедничка соработка и поддршка за поинтензивно заловување, собирање и хуман третман на бездомните кучиња кои ќе бидат затекнати на јавните површини низ Карпош. Договорените активности веќе се започнати со зголемен интензитет, така што и двете страни изразија сериозно уверување дека бездомните кучиња ќе бидат навремено, соодветно заловени и подложени на хуман третман, а со тоа ќе се допринесе и до поголема безбедност на сите граѓани од општината.
Општина Карпош останува посветена и одговорна во своите намери да се грижи за своите граѓани и соодветно да превзема чекори кои се во насока на подобрување на квалитетот на животот на карпошани.
Ги повикуваме сите граѓани кои може да помогнат за нивно лоцирање или имаат контакт со овие кучиња, да ги контактираат надлежните служби на: 071/219-925 или на info@lajka.com.mk









