КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО КАРПОШ
- мај 29, 2025
- 0
Општина Карпош, во соработка со ГалИцко фестивал, Црвениот крст Карпош и Заводот за трансфузиологија , традиционално четврта година по ред, на 04.06.2025, ќе одржи традиционална крводарителска акција.
Во спортската сала на ООУ Лазо Трповски, од 9 часот наутро па до 17 часот попладне, ги повикуваме сите граѓани кои сакаат да донираат крвни единици, тоа да го сторат во закажаниот термин и на предвидената локација.
Капка крв за нечиј живот, бидете хумани, донирајте крв.