Екипите од Општина Карпош задолжени за одржување на јавната чистота, минатата недела спроведоа координирана акција со ЈП Паркови и зеленило, во која, со здружени ресурси го расчистуваа теренот на територија на локалната самоуправа. Во таа насока, лицата задолжени за одржување на хигиената, заедно ги чистеа јавните површини подигајќи органски отпад (лисја и гранки) на потегот долж булеварот Партизански одреди, од улица Рузвелтова, па се до кружниот тек во населбата Влае.

                Во текот на вчерашниот ден беше спроведена масовна акција за чистење на теренот во Бардовци, каде екипите од Општина Карпош во две смени темелно ги расчистуваа јавните површини во оваа населба.

Хигиеничарите од Карпош детално чистеа и во околината на плоштадот Делфина во Влае, во рамки на основното училиште „Војдан Чернодрински“ а со истата динамика се работеше на реонот кај споменикот на Кузман Јосифовски Питу во населбата Козле и во околината на СЦ Борис Трајковски во Карпош 3. Службите од Карпош интервенираа и во Тафталиџе 2, каде беше исечено и отстрането дрво на улица Женевска, кое претставуваше закана по безбедноста на жителите. 

                Со истото темпо  општинските служби  секојдневно ги одржуваат јавните површини низ Карпош, а во одредени делови од општината, преку обезбедување на луѓе и механизација, учествуваат во акции за чистење заедно со екипите на Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило.