Денеска, Советот за развој на Скопски плански регион ја одржа својата Конститутивна седница на која, за нов претседател беше избран градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски.

На Седницата присуствуваше и Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој по верификација на мандатот, стана член на Советот за развој на Скопски плански регион, заедно со останатите седумнаесет Градоначалници од Скопскиот регион.
Во рамки на денешната седница беше изгласан и Финансискиот план за 2026 година, како и Акциониот план за идната година.
Општина Карпош ќе продолжи да се залага за соработка, обезбедување на квалитетни услуги и партнерство меѓу општините за стабилен регионален развој.