По повод Денови на Општина Карпош вчера се одиграа квалификациските натпревари во фудбалскиот турнир  на фудбалското игралиште во населбата Влае. На натпреварите имаше извонреден спортски дух и беа постигнати следниве резултати:

Петар Поп Арсов Аврам Писевски 5-0
Братство Вера Циривири Трена 5-0
Димо Хаџи Димов Јан Амос Коменски 3-0
Лазо Трповски Х.Т Карпош 3-2
Владо Тасевски Војдан Чернодрински 2-1

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 25 октомври, исто така на игралиштето во Влае кадешто со почеток од 10:45 ќе играат екипите на ООУ „Лазо Трповски“ наспроти екипата на ООУ „Владо Тасевски“, а во 11:15 силите ќе ги одмерат екипите на ООУ „Петар Поп Арсов“ и екипата на ООУ „Димо Хаџи Димов“, слободна е екипата на ООУ „Братство“. 

Големото финале во рамките од Денови на Општина Карпош е закажано в петок на 3ти ноември започнувајќи во 10:00 часот, на игралиштето во Влае.