КАРПОШ ЧЕКОРИ КОН ПОГОЛЕМА ТРАНСПАРЕНТНОСТ
- мај 10, 2018
- 0
Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев денес и официјално ја прими Декларацијата за отвореност, отчетност и транспарентност на локалната самоуправа во Македонија со која се обврзува покрај поголема транспарентност да ги трасира патеките и на поголема достапност, интегритет, ефективност, секојдневно подобрување на стандардите и континуирано унапредување на процентот на граѓанско учество во одлучувањето и соработка со општината.
Декларацијата на Градоначалникот Богоев му ја врачи м-р Лилјана Пецова – Илиеска, проектен координатор во Метаморфозис, која во оваа пригода ги кажа и нивните сознанија од спроведениот мониторинг за компаративните предности и идните обврски што ги има Карпош во остварување на овие цели според методологијата на ОЕЦД (OECD-Организација за економска соработка и развој), а кои се обврска и за сите општини од Македонија – потписнички на Декларацијата.
Општина Карпош се истакнува на планот на комуникациите со граѓаните на социјалните мрежи, што води кон поголема транспарентност и интерактивност, општината е отворена и достапна за граѓаните, во целост, транспарентно и достапно дава пристап за добивање информации од јавен карактер со сите потребни документи и обрасци. Она што останува за во иднина да се ажурираат нови документи во сферата на економскиот развој и работењето на Советот на сите нивоа.