КАРПОШ СЕ СЕЌАВА
- јули 26, 2020
- 0
Пред точно 57 години, на денешен ден, Карпош ја плати најскапата цена на катастрофалниот земјотрес што го урниса Скопје. Најмногу урнати згради, стотици настрадани, илјадници без дом. Но Карпош се дигна. Како феникс, од пепел, но и од човечка солидарност, верба и љубов. Со помош од целиот свет никнаа нови населби, се изнедриа нови карпоши,Тафталиџе, Влае…Оттогаш наваму Карпош расте и се разубавува. Карпош е убаво и најпосакувано место за живеење.#КарпошПамети #КарпошСеСеќава
„Римска“, „Атинска“, „Осло“, „Московска“, „Копенхагенска“, „Лондонска“, „Њуделхиска“ и многу други улици, сведочат за светската солидарност која му се случила на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Карпош се сеќава, Скопје одбележува 57 години од овој немил настан. Моментот кога часовникот застана, а со помош на светот се изградија населбите во главниот град. Еден таков објект е и спортската сала „Партизан“, која е направена со помош на француска донација од 1969 година. Сала, која децении подоцна пропадна поради човекова и институционална негрижа. Да бидеме солидарни, да го чуваме она што го имаме и да се сеќаваме на настаните кои придонесоа градот убав пак да никне. #СкопјеСеСеќава