КАРПОШ СЕ БОРЕШЕ СО НЕВРЕМЕТО
- август 7, 2016
- 0
Градоначалникот на Општина Карпош заедно со Единицата за заштита и спасување при Општина Карпош цела измината ноќ додека траеше невремето и поројните дождови вршеше обиколка на територијата на локалната самоуправа и интервенираа на повеќе места каде имаше поплаки од граѓаните за поплавени подруми и гаражи.
Така, во текот на ноќта беше интервенирано на улицата Лондонска каде имаше поплавена гаража со едно возило и еден моторцикл, потоа на улицата Хелсинки каде беа поплавени три подруми, на улицата Јуриј Гагарин каде беа поплавени два подруми и на улицата Кораб каде беше поплавен подрум од зграда.
Екипата на Општина Карпош со три мотори за вода ја испумпуваше водата од поројните дождови со цел да ја санира штетата што ја предивика големото невреме.
По повод последното невреме градоначалникот на Капош Јакимовски изјави дека Општина Карпош вложи огромни свои средства во изградба на фекална и атмосферска канализација и е најмал товар на ЈП Водовод и Канализација и на Градот.