КАРПОШ ПОДГОТВЕН ЗА СНЕЖНИОТ БРАН
- јануари 3, 2017
- 0
Општина Карпош подготвено ќе ги пречека ниските температури и врнежите од снег што деновиве ги најавуваат хидрометеоролозите. За таа цел, локалната самоуправа со буџетски средства обезбеди 250 тони сол, 20 кубни метри ризла и три специјализирани возила за интервенции во зимски услови со плуг и со бункер за сол.
Со обезбедениот материјал и опрема, локалната власт е подготвена да интервенира на сите сервисни улици кои се наоѓаат на територијата, за кои е овластена Општина Карпош. Посебно внимание ќе се посвети на т.н. „критични точки” спрема Бардовци, Трнодол, Жданец, патот за Горно Нерез, како и во Козле на улиците Ловќенска 4 и 9 и улицата Илија Плавев.