КАРПОШ ПАМЕТИ: ОД СТРАДАЊА ДО НАДЕЖ
- јули 26, 2021
- 0
Денес, кога се навршуваат 58 години од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во далечната 1963 година Карпош памети. Памети низ какви страдања и болки помина нашиот град, нашата општина Карпош, која можеби даде најголем број жртви од над 1.000-те настрадани и над 200.000 разурнати домови.
Но, Карпош ја памети и надежта, солдираноста и силната желба градот повторно да застане на нозе, да преживее. Тоа беше ехото на Карпош кое одекнува веќе шеста деценија. За нас во Карпош и за карпошани часовникот застана во 5:17 ч само еднаш, во 1963 год. Оттогаш наваму отчукува само нанапред, во нов, поубав живот, онаков како што заслужува нашата општина, нашиот град. Карпош е се позелен, Карпош е се поубав, Карпош се подмладува.
Тоа е она што им го должиме на сеќавањата, но и на иднината на сите наши сограѓани.
По тој повод, делегација од советниците Филип Даскаловски (СДСМ), Даниела Штерјова ( ВМРО-ДПМНЕ) и Емилија Ризеска – Спасова (Обединети за Македонија) од актуелниот состав на Советот на Општина Карпош положија цвеќе и одадоа почит на жртвите од земјотресот пред споменикот на загинатите на градските гробишта во Бутел.