КАРПОШ – ОД ВИЗИОНЕР ДО ЛИДЕР ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ
- октомври 28, 2025
- 0
Уште од 2008 година, Општина Карпош ја реализираше својата визија за трансформација на локалната заедница, преку примена на меѓународните регулативи и стандарди при изградба на енергетско – ефикасни објекти. Како резултат на преземените мерки и чекори, Карпош во 2009 година беше прогласен за енергетски – најефикасна општина во Република Македонија. Точно пред 17 години, Карпош беше првата локална самоуправа која во рамки на државата постави фасада на колективен станбен објект со сопствени средства. Досега, Општината има поставено енергетски фасади на 64 станбените згради на своја територија, што ја прави неприкосновен лидер во полето на енергетската ефикасност во Македонија и во регионот. Највидливите резултати, Карпош ги оствари преку соработка на проекти со невладината организација Хабитат – Македонија. Според последните надворешни мерења со обична и термовизиска камера кои ги спроведоа стручните служби од невладината Хабитат, на дел од фасадата во населбата Козле, јасно е прикажан ефектот од поставување на енергетско – ефикасната изолација.
Од приложените фотографии се забележува дека делот од фасадата каде има поставено изолација (со сина боја) е студен однадвор, што значи дека внатрешната топлина се задржува во становите и не „бега“ кон надворешниот ѕид. Другиот дел од фасадата каде што не е поставена изолација (со жолто-црвена боја) е потопол однадвор, бидејќи сета топлина се акумулира за тој дел од ѕидот. Токму заради градење на стабилен енергетски „екосистем“ како и поради другите социо – економски фактори, Карпош е една од најпосакуваните општини за живот во нашиот главен град.









