КАРПОШ НА ДЕНОТ НА ОПШТИНА ТИВАТ
- ноември 21, 2016
- 0
Делегација на Општина Карпош, предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, денеска присуствување на одбележувањето на 21 Ноември – Денот на Општина Тиват, Црна Гора. Инаку, Карпош е збратимена општина со т.н. „божествен град“ – Тиват, кој го одбележа својот роденден со свечена академија, каде поздравен говор имаше претседателот на Советот на град Тиват, Иван Новосел.
Свое опширно експозе за значењето на овој ден, за досегашните и идните проекти имаше претседателката на Општината проф. д-р Снежана Матијевиќ. На свечената академија присуствуваа видни гости од државниот врв на Црна Гора, како Претседателот Филип Вујановиќ, градоначалниците на повеќе збратимени општини и познати личности од културниот свет и бизнис заедницата. Ттрадиционално, празникот на оваа збратимена општина се одбележа со неколку културни манифестации, предавање на знамето на општината, препознатливиот „марш на мажоретките“, посета на пристанишните знаменитости и сл.