Согласно Програмата на Одделението за образование при локалната самоуправа, Општина Карпош традиционално и годинава обезбеди финансиски средства за доделување на осуммесечни стипендии за талентирани ученици, кои учат во основните училишта на територија на општината за учебната 2024/2025 година. Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500 денари месечно за Прва категорија, односно 3.000 денари месечно за Втора категорија.

 

  1. Услови за доделување стипендија

 

Да се жители на oпштина Кaрпош;

– Да се редовни ученици во VIII или IХ одделение во основните училишта на  

   територија на Општина Карпош;

– Да имаат освоено I, II или III  место на акредитирани натпревари;

– Да оствариле континуиран одличен успех во текот на школувањето од VI –VIII,  

   односно VII – IХ одделение.

 

Огласот за доделување стипендии за телентирани ученици за учебната 2024/2025 година,  ќе се објави на веб страницата на Општина Карпош, и во два дневни весника, од кои во еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и во еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот е весникот.

  1. Критериуми за доделување стипендија

 

         Право на разгледување имаат само дипломи за освоено  I, II или III  место од здруженија, организации, друштва, асоцијации акредитирани од Министерство за образование и наука од областа на науката, литературата, техниката, културата и уметноста од VI до VIII за редовни ученици во 8 одделение, односно од VII до IX одделение за редовни ученици во 9 одделение:

–  I  место на општински натпревар (0.5 бода);

–  I, II или III  место на регионален натпревар (3 бода,2 бода,1 бода);

–  I, II или III  место на државен натпревар (8 бода, 6 бода, 4 бода);

– I, II или III место на меѓународен натпревар (15 бода, 12 бода, 10 бода);

-Златен, сребрен или бронзен медал на меѓународен натпревар (15 бода,              12 бода, 10 бода).

Линк за акредитации од МОН:  https://mon.gov.mk/content/?id=8626

 

* Освоените места на групни натпревари нема да бидат бодувани.

* Натпревари кои се спроведени по електронски пат не се бодуваат.

  * Под меѓународен натпревар се подразбира натпревар во кој учествуваат ученици од најмалку 5 (пет) различни држави, на кој се споредуваат знаењата помеѓу учениците од различни држави и се врши рангирање на најдобрите ученици. Во прилог доказ/потврда од организаторот на натпреварот за бројот на државите-учесници.

 

  1. Потребни документи:

 

 Со барањето, учесниците на Oгласот треба да достават:

-Документ/доказ дека живее во Општина Карпош (копија од лична карта од    

 родител/старател);

– Потврда од училиштето дека е редовен ученик во VIII односно IХ одделение во  

   учебната 2024/2025 година;

– Кратка биографија на ученикот (CV);

– Фотокопии од сведителства како доказ за  континуиран одличен успех;

– Фотокопии од дипломи од освоени места на натпреварите;

Препорака од класен раководител/ предметен наставник;

 

  1. Висина на стипендија и рангирање

 

Висината на стипендијата изнесува:

  • за втора категорија 3.000,00 денари месечно за освоени од 8 до 15 бода
  • за прва категорија 3.500,00 денари месечно за освоени од  16 и повеќе бода

Стипендиите се доделуваат за осум месеци во текот на учебната 2024/2025 година.

 

  1. Начин на пријавување

 

Документите се доставуваат во затворен плик во  Архивата на Општина Карпош или по пошта на ул. Радика бр. 9 ,Скопје, со назнака „За доделување стипендии на талентирани  ученици од основните училишта на територија на Општина Карпош за учебната 2024/2025 година “.

 

  1. Рок за поднесување на документи

Крајниот рок за поднесување на документите по Огласот е заклучно со 13.09.2024  година. Документите на кандидатите кои не се комплетни и не се навремено доставени нема да бидат разгледувани.

 

Погледнете го целиот оглас на овој линк ОГЛАС