КАРПОШ ДЕЛ ОД НОВ ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ
- декември 15, 2020
- 0
Општина Карпош аплицираше до Министерството за образование и наука за промена на системот на греење на основното училиште „Аврам Писевски“ во Бардовци. На овој начин, во Карпош повеќе ќе нема јавен објект кој се грее на нафта, откако минатата година се промени и системот на греење на градинката „Пролет“ во Влае.
Ова го изјави градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев на онлајн средбата со претставници од „ХАБИТАТ“ Македонија и градоначалниците на Кочани и Кичево.
Локалната самоуправа е меѓу трите општини во кои ќе се спроведе проектот: „EXCITE: Стандарди за одличност, инвестирај во доверба: сервиси за енергетски менаџмент
прилагодени на локалните власти во Источна Европа“.
Ова е првиот од трите проекти во кои Општина Карпош е партнер со „ХАБИТАТ“ и ќе се реализираат во наредните три години во областа на енергетската ефикасност.
Овој проект има за цел да придонесе кон подобрување на енергетската ефикасност и
намалување на загадувањето и климатските промени, преку изработка на акциски планови во 25 општини ширум Европа. Со проектот се влијае кон подобрување на едни од најчувствителните сфери на локално ниво: транспорт, третирање на отпад, менаџмент на општински зради и сл.
Богоев зборуваше за политиките и активностите кои ги презема Карпош за подобрување на енергетскатa ефикасност на локално ниво. Имено, тој потсети дека од 2021 целото јавно осветлување ќе биде со ЛЕД штедливи светилки. Следува замена на јавните светилки по локалните улици, спортски игралишта и училишни дворови. Посебно внимание во контекст на овој проект е Мониторингот и управувањето со енергии во Општина Карпош. Исто така, стратешки проект кој ке се реализира наредната година и ке биде практичен придонес на општината и искуство кое ќе се разменува со останатите девет партнери учесници во проектот.