КАРПОШ ГО ОДБЕЛЕЖА ,, БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ’’
- јануари 19, 2016
- 0
Во духот на православната традиција, денес со почеток од 12:00 часот , во водите на реката Вардар, на ,, Железниот мост’’ , во населбата Влае, се одбележа големиот христијански празник ,,Богојавление- Водици’’. Пред голем број присутни граѓани и високи претставници на политичкиот живот во Република Македонија, свештени лица од црквата ,, Свети Пантелејмон,, од Нерези и ,,Свети Петар и Павле’’, од Ѓорче Петров, го фрлија крстот во реката Вардар, а најголема среќа имаше Петар Пецевски.
Токму овој свет крст се верува дека ќе му донесе здравје и бериќет во претстојнава година. По завршувањето на манифестацијата, присутните граѓани и верници се упатија кон црквата ,, Свети Пантелејмон’’, каде што ги чекаше богата трпеза. На градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, црковниот одбор на црквата му додели благодарница, за неговата поткрепа во организирањето на манифестации за христијанските празници.