КАРПОШ ГО ДОБИ НАЈГОЛЕМИОТ РАМСТОР ВО МАКЕДОНИЈА
- април 21, 2016
- 0
Денес во Општина Карпош официјално беше пуштен во употреба новиот маркет „Рамстор“. Ова е најголемата продавница од овој бренд во Македонија и во него ќе има нови вработувања од над 120 лица.
Оваа инвестиција на големиот турски синџир, овој пат е лоциран во големиот трговски центар Скопје Сити Мол кој се наоѓа на територијата на нашата локална самоуправа и на нејзиното отворање, освен првите луѓе на компанијата, министерот за странски инвестиции во македонската влада, турскиот амбасадор во Македонија, заменик амбасадорот на Велика Британија, присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.
Тој, во своето пригодно обраќање на отворањето на новиот „Рамстор“ ја изрази својата благодарност до големиот инвеститор од пријателска Турција, што го избра токму Карпош за волку големо вложување.
-За граѓаните на Општина Карпош, но и на градот, отворањето на овој голем маркет од синџирот „Рамстор“ значи поголема и поквалитетна понуда на производи и ги поттикнувам сите турски инвеститори и во иднина да вложуваат во нашата локална самоуправа, изјави првиот човек на Општината.