КАРПОШ ГИ МАПИРА САМОХРАНИТЕ РОДИТЕЛИ
- јуни 1, 2021
- 0
Општина Карпош, почна со мапирање на самохраните родители и еднородителски семејства од нејзина територија. Жителите на Карпош кои припаѓаат на оваа категорија граѓани може да аплицираат на јавниот оглас кој е поставен на интернет страницата на Општината на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/1Uac8ceA7GOt5SDOvnWKRmfZ-fHQmMMBKHxoETaL7jb0/viewform?ed
Оваа социјална активност од сферата на еднакви можности на жените и мажите се одвива во соработка со Здружението за еднакви можности „Една може“ со седиште во општина Карпош, а е дел од проектот „Институционална поддршка од Цивика Мобилитас“.
За таа цел, денеска, во Општина Карпош беше потпишан и Меморандум за соработка во насока на поддршка на самохрани родители и еднородителски семејства, кој ќе овозможи пристап до информации, пружање помош при обезбедување на правата на самохрани родители и еднородителски семејства во сите сегменти на животот, нивна инклузија, како и подигнување на јавната свест и одговорност за оваа категорија граѓани.