КАРПОШОВО КУЛТУРНО ЛЕТО ГИ ДИГНА СКОПЈАНИ НА НОЗЕ
- август 24, 2018
- 0
Вечерва, на платото на ТЦ Лептокарија, во Општина Карпош, започна 11 – то издание на Карпошово културно лето.
Настанот започна со перформанс на златните славејчиња во кои уживаа најмладите карпошани.
Културната манифестација ја отвори градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев кој ги поздрави присутните и ги покани и во претстојните два дена да бидат на платото на ТЦ Лептокарија.
– Даваме шанса на домашните изведувачи и артисти кои со децении се присутни на македонската музичка сцена. Имаме поп и рок репертоар за помладите, а утревечер забавата продолжува со популарниот лик за младите Петко 5+.
Тука е и нашиот познат актер, Сашко Коцев кој со својата спонтаност и хумор ќе ги развесели карпошани и сите граѓани на Карпош, рече Богоев.
На првата вечер присутните се забавуваа и со Дарио Панковски, групата Нон Стоп и Кристина Арнаудова.
Втората вечер присутните ќе бидат забавувани од страна на Петко 5+, Гуру Харе и пријателите (Игор Џамбазов, Дани, Тања Тас, Дамир Имери – клавијатура и Трајче Велков – труба).
Општина Карпош ги поканува сите граѓани да бидат дел и од вториот ден на Карпошово културно лето.