ИСЧИСТЕН КАНАЛОТ ЗА НАВОДНУВАЊЕ ВО МЗ БАРДОВЦИ
- март 25, 2022
- 0
Службата за одржување на јавна хигиена во Општина Карпош спроведе акција за чистење на каналот за наводнување во МЗ Бардовци во должина од 1000 метри и со длабочина до еден метар. Со оваа активност жителите на Бардовци ќе добијат сигурен доток на вода до нивните посеви, а истовремено се избегнува и опасност од поплави при поројни дождови.
Заради зачувување на функционалноста на каналот апелираме до локалното население да се грижи за истиот, да не се фрла смет и да не се затрупува со земја и други објекти со што би се попречил протокот на вода.
Со почит