На 21.02.2023 год. (вторник) Општина Карпош – Сектор Инспекторат во соработка со Град Скопје и Полициска станица Карпош, ќе спроведе заедничка акција во УЗ ЗЛОКУЌАНИ И УЗ БАРДОВЦИ. 

Целта на акцијата е согласно Закон за јавна чистота да се отстранат сите возила кои не се во возна состојба, предмети кои ја загадуваат околината, картони, пластични амбалажи, шут и сл.

За таа цел, Ве ИНФОРМИРАМЕ во најкраток можен рок да ги подигнете сите предмети кои се во ваша сопственост во спротивно ќе се постапи согласно законските регулативи.

 

                                                             ОПШТИНА КАРПОШ

                                          

                                                           СЕКТОР ИНСПЕКТОРАТ