ЗАСАДЕНО Е НОВО ЗЕЛЕНИЛО ВО КАРПОШ 4
- септември 2, 2021
- 0
Општина Карпош го раззелени маалскиот парк во населбата Карпош 4, меѓу улиците „Желево“ и „Соле Стојчев“.
Денеска беа засадени 215 украсни растенија, со што овој јавен простор доби уште поубав лик. Претходно, локалната самоуправа засади и нова тревна површина, висококвалитетни дрвја, а беше поставен и систем за наводнување. Во претстојниот период ќе бидат поставени и нови клупи за седење и корпи за отпадоци, а ќе се обноват и детските реквизити.
Овој маалски парк е лоциран меѓу неколку објекти за домување. Со овие активности за уредување на јавниот простор уште повеќе се поттикнува маалскиот живот и меѓугенерациска дружба, кои се карактеристични за Карпош 4.
Општината ја заврши и изведбата на маалскиот парк спроти хотел „Карпош“, во урбаната заедница „Владо Тасевски“.
Изминатиов период сериозно се вложува во хуманизација на јавните простори и нивно прилагодување кон потребите на сите граѓани.