Започна пролетниот дел од кошаркарската лига во Карпош
- март 12, 2026
- 0
Започна пролетниот дел од кошаркарската лига за основните училишта од Општина Карпош. Натпреварите се одвиваат во спортската сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, каде што младите кошаркари повторно ќе ја почувствуваат натпреварувачката атмосфера, подготвени за фер-плеј, престиж и борба за освојување на титулата.
Пролетниот дел, сигурно ќе донесе многу динамични дуели и спортска енергија, со што се одржува традицијата на ова натпреварување во организација на Општина Карпош.









