Денеска започна акцијата за редовна есенска дератизација која се спроведува секоја година на територијата на општина Карпош, за која се очекува да трае речиси до крајот на оваа календарска година. Инаку, оваа иницијатива се реализира со цел уништување на штетните глодари и инсекти, но и како превенција од заразни болести. Во таа насока, со дератизацијата ќе бидат опфатени околу 5.000 шахти, откако локалната самоуправа претходно спроведе дезинфекција, дезинсекција и дератизација на сите основни училишта и детски градинки на своето подрачје.