ЗАЗЕЛЕНУВАЊЕ НА КАРПОШ СО УШТЕ 580 НИСКО СТЕБЛЕСТИ РАСТЕНИЈА
- октомври 29, 2025
- 0
По традиционалното есенско садење и зазеленување, изминативе денови, вклучувајќи и денеска, во општина Карпош се засадуваат ниско стеблести жбунести растенија. Садењето се врши на повеќе локации на територија на Карпош, вклучувајќи и дел од улицата Бледски Договор, дел од Лептокарија, кружниот тек кај СУГС ,,Георги Димитров”, околу ТЦ ,,Порта Влае” и други места.
Во организација на Секторот екологија и енергетска ефикасност, во рамки на есенското зазеленување беа насадени 160 стеблести дрвја ширум Карпош, а овие денови, дополнително се збогатува просторот со уште 580 ниско стеблести дрвја од видот на бухус, јуниперус, нандина принус чемпрес, еунимус, пхотинија, туја и други. За оваа намена, од општинскиот буџет издвоени се 1.200.000.00 денари.









