ЗАЕДНО ДА ПОМОГНЕМЕ НА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ
- март 17, 2025
- 0
Општина Карпош и Црвениот крст на РСМ при општинската организација Карпош, ги повикува сите добронамерни граѓани да ја покажат својата хуманост и солидарност, обезбедувајќи помош за семејствата кои ги загубија своите најблиски во катастрофалниот пожар во Кочани.
Оттука, ве известуваме дека постојат неколку начини за да ја упатите вашата помош и поддршка до оние на кои им е најпотребна, а тоа можете да го сторите преку уплата на:
Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.
Исто така, можеме да помогнеме и преку донациите со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски телеком и А1 Македонија (со донација од 100 денари од телефонски повик).
Хуманите граѓани можат да донираат и средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Во оваа насока ја известуваме јавноста дека се отворени и наменски телефонски линии за прва психолошка помош на броевите 071/338-081 во Кочани, 074/203-030 во Штип и 072/271-048 во Скопје кои ќе бидат деноноќно во функција.
Од името на Општина Карпош и нејзините жители, сакаме уште еднаш да изразиме длабоко сочувство до семејствата на настраданите граѓани, во синоќешната стравична несреќа која се случи во Кочани, а на повредените им посакуваме брзо опоравување.