Заврши есенската дератизација која се спроведува секоја година на територијата на општина Карпош. Инаку, оваа иницијатива се реализира со цел уништување на штетните глодари и инсекти, но и како превенција од заразни болести. Во таа насока, со дератизацијата беа опфатени околу 5.000 шахти, локалната самоуправа спроведе дезинфекција, дезинсекција и дератизација на сите основни училишта и детски градинки на своето подрачје.