Општина Карпош ја информира јавноста дека со финиширање на оваа календарска 2025 година, завршува и можноста за аплицирање на граѓаните на Јавните повици кои ги распиша локалната самоуправа. Станува збор за Јавниот повик за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови на станбени згради, како и за Јавниот повик за субвенционирање при поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради и замена на азбестни покриви на куќите.

  Согласно креирање на новата Програма за работа на Секторот за уредување на градежно земјиште и комунални работи за 2026 година, се предвидува овие активности да продолжат и во наредната година. За објавување на Јавните повици за оваа намена, граѓаните на Карпош ќе бидат навремено известени преку печатените и електронските медиуми, како и преку официјалните канали за комуникација, како што се општинската веб страница и социјалните мрежи.