ЕТНО КОНЦЕРТ НА АЛЕКСАНДАР ЈОВЕВСКИ
- август 24, 2025
- 0
Вечерва срцата на карпошани ги разигра нашиот успешен инструменталист Александар Јовевски, кој со својата авторски создадена музика и неговиот проект насловен „Од колено на колено“ ги потсети карпошани за вредноста на традицијата, грижата за идентитетот и убавината на македонскиот фолклор. Преку звуците на македонските традиционални инструменти кавал, тамбура и канон присутните имаа можност да пројдат низ едно музичко патување кое е создадено во минатото, сведочи денес но останува и за идните генерации да ја негуваат и слушаат македонската музика.