На игралиштето на ФК „Локомотива“ се одржаа Пензионерските игри 2019. Станува збор за еднодневен настан, натпреварување меѓу здруженијата на пензионери на територија на Карпош. Највозрасните наши сограѓани се натпреваруваа во повеќе спортови, но и го искористија настанот за меѓусебна дружба.

Пензионерите имаа можност да се сретнат и со градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев. Тој им посака успешни игри, пришто напомена дека локалната самоуправа и во претстојниот период рамноправно ќе се грижи за сите категории на граѓани.

 

  • Убавото време е уште една причина да се дружиме. Иако вие сте највозрасните наши сограѓани, сепак, на вашиот дух, енергија и желба за активност можат сите да ви позавидат. Овие Пензионерски игри традиционално ги организираме пред Денот на Општината и се убава можност за рекреација и дружба, рече Богоев.

 

Тоа што Општината во претстојниот период ќе го направи за највозрасните категории на граѓани се хуманите патроли. Секторот за дејности од јавен интерес ја комплетира документацијата за апликација на повик на Министерството за труд и социјална политика за овозможување на грижа и нега за највозрасните.

Хуманите патроли значат грижа за изнемоштените лица, посети во домовите, нега и пружање на други видови социјални улуги од страна на стручен и обучен кадар.