Во рамки на овогодинешната културна манифестација, детска ликовна колонија Св.Пантелејмон, денеска во галерискиот простор на Кинотека на РСМ, претседателот на Детскиот ликовен центар, Стојче Тоциновски ги додели дипломите за учениците и нивните ментори. На овој голем ликовен настан, освен учениците од десетте основни училишта во Карпош, учествуваа и ученици од Тиват, Црна Гора, која е збратимена со Општина Карпош.

Традиционалната манифестација која се одржува по 18-ти пат, е во организација на детскиот културен центар, а секоја година неизмерна поддршка добива од Општината.