ДОБРИ ПРАКТИКИ ЗА УСПЕШНО ОБРАЗОВАНИЕ
- мај 17, 2016
- 0
Како дел од Програмата за образование за 2016 година, во организација на Секторот за дејности од јавен интерес на општина Карпош, денеска во ООУ „Владо Тасевски“, започна реализацијата на проектот „Добри практики-синоном за успешност”.
Во рамките на оваа едукативна активност, освен училишниот персонал, присуствуваа и родителите на основците, каде се презентираа различни практики на повеќе теми.
Проектот го водеше М-р Марина Маленко заедно со раководителот на Сектор од јавен интерес при општина Карпош, Анета Марковска Илиевска.
Раководителката од локалната самоуправа, истакна дека целта на проектот е да се презентираат добрите практики од сите десет основни училишта на територијата на општина Карпош.