Од почетокот на април, Општина Карпош, во континуитет, врши реконструкција на детските игралишта на цела нејзина територија.

                        Досега се целосно реконструрани, бојадисани, со сменети реквизити, сите детски игралишта во Карпош 4 , од кои три големи оградени игралишта и десеттина отворени простори за игра и забава на најмалите жители на Карпош.

                        Во наредните денови  ќе продолжи обновата на реквизити за игра на игралиштата во Тафталиџе, Козле и Карпош 3.

 Целта на Општина Карпош е до крајот на мај во целост да бидат обновени 70 детски игралишта на подрачјето на цела локална самоуправа.

                         Инаку кога почна акцијата на реконструкција на детските игралишта тие беа најдени во исклучително лоша состојба. Оттаму, локалната власт апелира до своите сограѓани за поголемо внимание и грижа за ваквите јавни добра, кои се правени токму со средствата на граѓаните, и наместо тие да се трошат на чести реконструкции да бидат наменети за отворање нови детски простори со нови еко-реквизити.