ДЕМАНТ
- октомври 5, 2025
- 0
Општина Карпош ги демантира лагите кои се дел од црната кампања во изборната трка за градоначалник во општина Карпош.
Ги замолуваме кандидатите за градоначалници, кои го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, а со тоа се обврзаа на „фер и демократска битка“, во текот на кампањата да не се служат со небулози и невистини, туку на граѓаните да им ги презентираат своите идеи и идни проекти.
Една таква лага е пласирана преку партиски мегафони дека лифтовите во новата општинска зграда во општина Карпош чинат 600.000 евра. Да тврдиш дека два лифта во зграда од четири ката чинат толку пари е потценување на интелигенцијата на гласачкото тело во Карпош.
Во договорот јасно стои „Изведба на завршни занаетчиски работи и поставување на лифтови во административен објект на локална самоуправа општина Карпош“. Изведувањето на двата лифта во новата зграда е само еден дел од договорот и чини точно 4 милиони денари, вклучувајќи го нивното комплетно инсталирање (челична конструкција, арматури, електроники и се останато). Во останатите ставки од договорот влегуваат: алуминиумска столарија, топловодни приклучоци, молерофарбарски работи, цевководи, водоотпорни гипс картони, преградни ѕидови, мермери, стаклени огради и тн…
Со почит,