ДЕЗИНФЕКЦИЈА, ДЕЗИНСЕКЦИЈА И ДЕРАТИЗАЦИЈА НА СИТЕ ГРАДИНКИ ВО КАРПОШ
- септември 5, 2020
- 0
Изминативе денови и во текот на викендот се спроведува целосна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на сите 11 објекти на градинки во Општина Карпош.
Сертифицирана компанија ги спроведува овие активности кои имаат за цел да овозможат уште подобри услови за безбеден прием на децата и воспитниот кадар.
Дезинфекција се прави на сите занимални, кујни, канцеларии во градинките, како и на работните површини, а истата ги отстранува сите вируси, хемикалии и штетни честички. Од друга страна, дезинсекцијата и дератизацијата се процеси кои ќе спречат појава на инсекти или глодачи, во и околу објектите на предучилишните установи.
Процесот на дезинфекција, дезинсекција и дератизација е во траење од еден час до час и половина по објект. По појавата на Ковид – 19, локалната самоуправа уште повеќе ги интензивираше овие активности и тоа по: јавните површини (улици, тротоари, платоа), урбана опрема, пред фреквентни места, влезови на згради, како и во општинските градинки и основни училишта.
Изминатиот период, во сите градинки се спроведе и темелна дезинфекција на душеците и теписите, каде што традиционално се појавуваат голем број на бактерии, вируси и микроорганизми. Исто така, се изврши замена и на старите подови и се постави ПВЦ под (линолеум), кој е поотпорен на бактерии.
Општина Карпош е во постојана комуникација и соработка со управите на градинките, со цел отворањето на овие објекти, од деветти септември, да започне по предвидениот Протокол за прием на децата.