Во насока на подобрување на здравата животна средина, Општина Карпош контируирано презема чекори за одржување на јавната чистота, поддржува и директно учествува во акции каде се вклучени претставници од приватниот, граѓанскиот и невладиниот сектор. Но секако, најголемата поддршка ја добиваме од карпошани, особено кога се работи за правилно одложување на отпадот од домаќинствата.

Оттука, уште еднаш апелираме до сите наши сограѓани, особено во претстојниот период кога се соочуваме со енормно загадување, да го одложат својот кабаст, електронски и електричен отпад во пунктот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, кој се наоѓа во населбата Карпош 3 долж булеварот „Илинден“ (позади бензинската станица „Макпетрол“,  секој ден во неделата од 7:30 до 19:00 часот. Притоа, ги потсетуваме нашите жители дека тоа можат да го сторат со сопствен превоз без никаков паричен надомест.

Доколку немаат на располагање сопствени возила, тие можат да се обратат на телефонскиот број: 0800 – 222 -33 каде службите од Јавното комунално претпријатие ќе дојдат со потребната механизација и ќе го транспортираат кабастиот и е-отпадот, за што и ќе ја наплатат оваа услуга.

 

Се надеваме дека оваа иницијатива ќе наиде на позитивна реакција кај нашите карпошани, со кои заедно ќе придонесеме во градењето на една современа еколошка локална заедница.