Не се точни тврдењата дека се менува влезот на Трнодол, како што не беа точни ниту  тврдењата дека на т.н. „чатал“ ќе се гради нова зграда или пак дека каналот ќе се затвори.

 

Токму денешната изјава на двајца од претставниците на граѓани од Трнодол е потврда за промените во  начинот на носењето на деталните урбанистички планови во Карпош.

Денеска, граѓаните имаат можност да ги посочат своите забелешки и предлози уште на почетокот кога се носи одреден ДУП, нешто, што за жал не претставуваше пракса во минатото.

 

Поканата за јавна презентација беше објавена на веб страната на Општина Карпош, на видливо место, на социјалните мрежи, без намера да се сокрие нешто. Затоа и посетеноста на првата јавна презентација беше голема, но, за жал, не постоеја услови и работна атмосфера за детално, од стручните служби, да се образложат дилемите кои ги имаа засегнатите граѓани.

 

Ги охрабруваме граѓаните да дојдат и на втората јавна презентација, оваа есен, каде што стручни лица (претставници од планерската куќа), заедно со претставници од Секторот за урбанизам, повторно ќе го образложат Предлог ДУП-от за Градска четврт Ј  03 Блок 7.

 

Партнерскиот однос со граѓаните ќе продолжи независно дали ќе постојат обиди за политички злоупотреби или пласирање на лажни вести.