Новата градинка во Бардовци „Виножито“ е објект кој е изграден со поддршка од Европската Унија. Оваа предучилишна установа е наменета за најмладите кои живеат во Бардовци и Злокуќани и обезбедува згрижување на 78 деца. Истата е енергетски – ефикасна, опремена со современи дидактички материјали и еко – играчки.

Во теренска посета на објектот, денеска беа градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска и дополнителната министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ.

 

  • Иако градинките сега се затворени, како резултат на пандемијата од коронавирусот, слободно можам да кажам дека Карпош е општина во која ,детската заштита е на прилично високо ниво.

Периодов се изврши неколкукратна дезинфекција на објектите на градинки, а за прв пат се направи  и дезинфекција на сите душеци од креветчиња и теписи. На овој начин, ќе се спречи појавата на алергии и астма кај најмладите. Денеска, на конкретен начин можеме да видиме што значи поддршката од ЕУ, рече Богоев.

 

Вицепремиерката Царовска и дополнителната заменик министерка Шкријељ се осврнаа на аспектите за детска и социјална заштита, области во кои Владата сериозно вложуваше изминатиов период.

 

Општина Карпош, моментално работи и на реконструкција на најстариот објект на градинка во Карпош, а тоа е „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1. Заменети се сите прозорци на објектот, обновени се тоалетите, а во претстојниот период целосно ќе се санира и фасадата.